2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTwenty-First Century Fox успеа да ги надмине очекувањата на Wall Street

Twenty-First Century Fox успеа да ги надмине очекувањата на Wall Street

fox 3355

Медиумската компанија „Twenty-First Century Fox“ забележа подобар од очекуваниот профит за вториот квартал. Повисоките трошоци за спортски програми и филмски маркетинг, сепак го ограничиле растот. Aкциите на компанијата поевтинија со над 4% до 25,85 долари во трговијата по затворањето на пазарите, соопштува „Ројтерс“.

Менаџерите се обидоа да ги смират стравувањата за иднината на „Fox News Channel“ по заминувањето на долгогодишниот лидер Роџер Еилс.

„За време на овој процес преземавме брзи и решителни чекори за да го заштитиме нашето претпријатие, вработените и уникатниот и важен глас на „Fox News““, изјави главниот извршен претседател Лахлан Мардок за време на конференциски повик со аналитичарите.

Еилс си замина поради обвинение за сексуално малтретирање, што го негираше.

Силните резултати на „Fox News“ ги поддржале со 9,9% приходите на пододделението за кабелска телевизија на компанијата за кварталот. Тие придонеле и за повеќе од половина од вкупниот приход на компанијата. Продажбата од локални реклами во кабелскиот бизнис се зголеми за 13%.

Повисоките трошоци за спортски програми и маркетинг на филмови, сепак го ограничиле профитот. Некои големи филмски имиња не се задоволиле со очекувањата, изјави главниот извршен директор Џејмс Мардок.

„Јасно е дека имаме работа за завршување во филмското студио“, додаде тој.

Приходите од надоместоци се зголемени за 6% во кварталот и се очекува да продолжат да растат со ниско двоцифрено годишно темпо, коментира главниот финансиски директор Џон Налан.

Вкупната нето добивка се зголемила до 567 милиони долари, или 30 центи по акција, од 87 милиони долари, или 4 центи по акција, пред една година, потпомогната од даночните олеснувања.

Без еднократните ефекти профитот на „Fox“ изнесува 38 центи по акција, што е малку над просечната оценка на аналитичарите за 37 центи по акција.

Коригираните приходи на компанијата се зголемиле за 7,1% до 6,65 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП