2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОлимписките игри Рио 2016 низ швајцарскиот бренд за часовници OMEGA

Олимписките игри Рио 2016 низ швајцарскиот бренд за часовници OMEGA

fcc

Опремата на швајцарскиот бренд ОMEGA и времето ќе покажат кој ќе стои на подиумот на Олимписките игри во Рио

Додека илјадници спортисти се подготвуваат за финишот и моментот кој ги дели златните победници од сребрените и бронзените, OMEGA по 27-ми пат ќе ја завземе својата улога како официјален мерач на време на овој престижен настан, постојано унапредувајќи ја својата опрема со цел да обезбеди финалниот момент на секоја трка да е опфатен со неоспорна прецизност.

OMEGA RIO 2016 рекламна кампања

Фокусирајќи се на соништата на спортистите, уникатната интернационална кампања на OMEGA ја претставуваат нивните четирите бренд амбасадори за Олимписките игри, вклучувајќи ги Мајкл Фелпс, Чад Ле Клос, Серхио Гарсија и Џесика Енис-Хил.

“Одбележување на Олимписките соништа од 1932” е слоганот на кој се заснова целата кампања. Тој ја одразува долгата историја на OMEGA како официјален мерач на време на Олимписките игри и нивната посветеност кон поддржување и одбележување на соништата на сите натпреварувачи кои се стремат кон слава.

Во текот на изминатите 84 години брендот ја разви и револуционира опремата на која се потпираат спортитстите, одбележувајќи го секој резултат со огромна прецизност и експертиза. За спортистите чија надеж и кариера зависи од секоја секунда, OMEGA е бренд од доверба кој стои зад часовникот кој го одредува нивниот успех.

Во Рио оваа година ќе се исполнат на многу повеќе олимписки соништа, а кој ќе стои на врвот на подиумот ќе покаже времето и опремата на OMEGA.

  • Изјави од бренд амбасадорите

Мајкл Фелпс – “Сакав да станам најдобриот пливач на сите времиња.”

Michael-Phelps_3 (2)

“Во текот на мојата кариера сум бил вклучен во многу трки кои се сведуваа на помалку од една десетина од секунда. Во 2008ма година победив за една стотинка од секунда. OMEGA беше во можност да докаже дека јас сум победникот. Да го имаме најдобриот систем за мерење на времето во светот е од огромна корист за нас. Навикнат сум OMEGA да го мери времето за големи национални и интернационални настани и тие се најдобри. Чест ни е да ги имаме како компанија задолжена за системите за мерење на времето.”

Чад Ле Клос – “Уште како мал никогаш не избегнував предизвици.”

Chad-Le-Clos_1 (2)

“Почувствував како да е судбина кога потпишав со брендот во 2011. Постои одредено наследство позади врската и одлично е да се биде дел од OMEGA. Seamaster Planet Ocean е мојот омилен часовник и тој ќе го носам оваа година. Мојот OMEGA е близу до моето срце, не можам да излезам од дома без него.”

Џесика Енис-Хил – “Мојот сон одсекогаш беше да стојам на врвот на подиумот.”

Jessica-Ennis-Hill_2 (2)

“OMEGA имаат широк избор на часовници и има по нешто за секоја пригода. Ја обожавам елегантноста на Ladymatic часовникот. Тоа е прекрасен часовник. Дијамантите прекрасно ги одвојуваат од останатие часовници. Секогаш барам навистина елегантен часовник.”

Серхио Гарсиа – “Олимписките игри…да сум таму ќе биде остварување на мојот сон.”

op

“Она што е одлично кај OMEGA е тоа што нивните часовници се прилагодени за сите прилики. Можам да ги носам секаде. Низ годините сум носел многу часовници на OMEGA, но моментално сум вљубен во мојот Speedmaster Dark Side Of The Moon. Ако моите соиграчи побараат предлог, тоа дефинитивно ќе биде овој часовник.”

 

Куќата на OMEGA RIO 2016

OMEGA, официјалниот мерач на време на Олимписките игри Рио 2016, ја откри својата ексклузивна резиденција за претстојниот настан во Рио Де Жанеиро.

ooo

Концептот на Куќата на OMEGA прв пат беше претставен пред четири години во Лондон и по огромниот успех беше редизајниран за големиот настан во Бразил. Оваа година Куќата на OMEGA ќе биде сместена во Casa de Cultura Laura Alvim на плажата Ипанема.

oaa

За време на престижниот спортски настан, локацијата ќе биде трансформирана во модерен простор исполнет со природна светлина каде што поканетите гости ќе можат да уживаат во атмосферата на Олимписките игри во вистински уникатен стил. Ентериерот на Куќата на OMEGA ќе ги одликува основните принципи врз кои е изграден брендот. Гостите ќе имаат чест да зачекорат во уникатно тематски уредени простории посветени на: спортот, вселенското истражување, совладувањето на океанските предизвици, женски часовници и иновации во часовничарството.

obb

Куќата на OMEGA ќе биде отворена секој ден за време на Олимписките игри од 11 часот претпладне до 1 часот по полноќ. Истата ќе биде затворена за јавноста, а пристап ќе имаат колекционери на брендот, поканети гости, ВИП личности и спортисти. Можност за посета ќе имаат голем број од бренд амбасадорите на OMEGA, вклучувајќи и дел од оние кои ќе се натпреваруваат.

occ

OMEGA “RIO 2016“ колекција на часовници

Во чест на Олимписките игри Рио 2016, OMEGA го поставува победничкиот стандард во часовничарството. За прославување на овој глобален настан три часовници се наоѓаат на врвот на подиумот, инспирирани од славата, триумфот и нескршливото единство која го спојува целиот свет.

SEAMASTER BULLHEAD “RIO 2016” ЛИМИТИРАНО ИЗДАНИЕ

Како дел од олимписката колекција на OMEGA, Bullhead RIO претставува почит кон наследството, прецизноста и спортската извонредност. Уште на прв поглед е препознатлив со својот индивидуален стил и дизајн. Синото ремче со шев во боите на олимписките кругови е директна поврзаност со логото на „RIO 2016“ кое  е изгравирано на позадината на часовникот.

bbb

Самата форма на часовникот го преставува духот на брзината кој еволуира за да ја претставува соработката на брендот како официјален мерач на времето на Олимписките Игри.

bcc

Bullhead RIO ги има сите предиспозиции инстантно да стане колекционерско парче. Уште пред да започне првата трка, победничкиот стандард во часовничарството е веќе поставен.

bdd

bgg

SEAMASTER DIVER 300M “RIO 2016” ЛИМИТИРАНО ИЗДАНИЕ

Рио Де Жанеиро е град полн со живот и е првиот град домаќин на олимписките игри во Јужна Америка, совршена локација за спортистите и гледачите. Инспирирани од динамичниот дух, OMEGA го создадоа часовникот Seamaster Diver 300M “RIO 2016” во лимитирано издание.

daa

Овој часовник е комбинација од часовничарска експертиза и уникатно мајсторство. Започнувајќи од познатите градски плажи, црната позадина на часовникот е исполнета со брановидна текстура инспирирана од мозаичниот дизајн на шеталиштето на познатата плажа Копакабана.

dbb

Ротирачкиот прстен кој исто така е во црна боја е изработен од полирана керамика. Она што го издвојува од другите се бројките обоени во црвено, зелено, жолто и сино. Бои кои ја претставуваат раскошноста на Рио, како и петте познати олимписки кругови.

dcc

Секако и самиот настан е обележан на префинет начин. На задниот дел од челичното куќиште е изгравирано логото  „Rio 2016“ и бројот на лимитираниот часовник.

ddd

Само 3.016 часовници се произведени во оваа издание.

dff

SPEEDMASTER MARK ii “RIO 2016” ЛИМИТИРАНО ИЗДАНИЕ

Инспириран од моделот од 1969 година,  OMEGA Speedmaster Mark II во себе го носи натпреварувачкиот дух на Олимписките игри. На самиот дислеј се поставени 3 прстени изработени од 18 каратно злато, 925 сребро и бронза претставувајќи ги посакуваните медали.

faa

Трите прстени поставени на матирана црна позадина постигнуваат уникатен ефект на прослава и победа. Со лимитирано издание од само 2.016 примероци, OMEGA Speedmaster Mark II со сигурност ќе биде ценет во колекционерските кругови.

fbb

fcc

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП