1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSiemens повторно објави раст на профитот и покрај тешкиот пазар

Siemens повторно објави раст на профитот и покрај тешкиот пазар

Siemens

„Siemens“, најголемиот индустриски концерн во Европа, ги зголеми изгледите за добивка за целата година, откако објави повисока добивка од очекуваната за третиот квартал и скок на големите нарачки за опрема за генерирање на електрична енергија, соопштува „Bloomberg“.

Профитот од т.н. индустриски операции се зголемил за 20% до 2,19 милијарди евра во трите месеци до јуни, соопшти компанијата со седиште во Минхен. Консензус оценка на аналитичарите беше за профит од 2,09 милијарди евра, покажува истражувањето на „Bloomberg“. Профитот е 10,8%, што е во горниот крај на прогнозираниот опсег помеѓу 10% и 11% за годинава.

„Третиот квартал повторно постигна убедливи резултати, особено во однос на пазарот, кој е се потежок“, рече главниот извршен директор Џо Кајзер во соопштението.

Кајзер го смени фокусот на компанијата кон енергетските пазари, преговарајќи во јуни за спојување на бизнисот за ветерни турбини со шпанската „Gamesa Corp. Tecnologia“, за да се натпреварува со „Vestas Wind Systems“, како најголема во светот компанија за ветерници по инсталиран капацитет. Siemens вложи и речиси 9 милијарди долари за купување на компанијата за нафтена и гасна опрема „Dresser-Rand“ и енергетскиот оддел на „Rolls-Royce“. По стрмниот пад на цените на суровата нафта енергетските компании и нивните добавувачи на опрема претрпеа сериозни удари поради помалиот број нови проекти.

Компанијата со седиште во Минхен која произведува и возови и здравствена опрема, ја зголеми прогнозата за добивка за акција за годината до меѓу 6,50 евра и 6,70 евра во споредба со претходниот опсег од 6-6,40 евра. Таа ги задржи останатите предвидувања за опсегот на маргина на профитот.

Приходите за третиот квартал се зголемија за 5% до 19,8 милијарди евра, што е за малку под прогнозата на аналитичарите за 19,9 милијарди евра, се вели во соопштението. Нарачките се зголемија за 6% до 21,1 милијарди евра, потпомогнати од големите енергетски и гасни договори, како и од нарачките на ветерни турбини.

Како и многу други европски производители „Siemens“ се соочува со предизвикувачкиот глобален пазар во позадина на забавувањето на кинескиот раст и падот на инвестициите поврзани со суровините. Во одговор на тоа индустрискиот гигант најави отпуштања на илјадници работни места и се обидува да ги намали трошоците за 950 милиони евра годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП