1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСкок на нето добивката на UniCredit за 75 отсто во вториот квартал

Скок на нето добивката на UniCredit за 75 отсто во вториот квартал

unicredit-banca-324

Најголемата италијанска банка UniCredit извести за скок на нето добивката во второто тромесечје оваа година за 75,3 отсто во однос на истиот период лани, што е резултат на порастот на приходите и мерките за намалување на трошоците.

Нето добивката на UniCredit во второто тромесечје на 2016 година изнесуваше 916 милиони евра, покажа финансискиот извештај на ова банка.

Приходите во вториот квартал на годишно ниво пораснале за 7,1 отсто, на 6,1 милијарди евра. RoTE, показателот на поврат на материјалниот капитал, во тој период изнесувал 8,8 отсто.

Вкупните трошоци во работењето во тој период се намалени за 4,3 отсто, на 3,3 милијарди евра.

Во вториот квартал Unicredit на ниво на групација имал 123.888 вработени, што е за 3.587 помалку од второто тромесечје лани.

Првите шест месеца ова година, пак, нето добивката на Unicredit достигна 1,3 милијарди евра, што е зголемување од 27,7 отсто во однос на истиот период лани.

Приходите се зголемени за 1,1 отсто, на 11,6 милијарди евра, додека вкупните трошоци паднале за четири отсто, на 6,6 милијарди евра. RoTE изнесуваше 6,4 отсто, се вели во финансискиот извештај.

Unicredit во меѓувреме го продаваше имотот за да ја зајакне капиталната база. Последна во низа е продажбата на работењето со картички во Италија, Германија и Австрија за 500 милиони евра на групата SIA.

Клучните показатели на адекватноста на капиталот, стапката на адекватност на капиталот Tier1 искажана на транзициска основа, која не вклучува влијание на идните регулативи, кон крајот на јуни изнесуваше 11,3 отсто, а со продажбата на работењето со картички ќе се подобри за 12 базни бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП