5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКинезите тестираа аероавтобус-тунел, за справување со сообраќајните метежи (видео)

Кинезите тестираа аероавтобус-тунел, за справување со сообраќајните метежи (видео)

tunel bus 33

Кинеските власти во средата во градот Цинхуандао, во покраината Хабеј, извршиле тестирање на новиот концепт на јавниот автобус – аероавтобусот TEB-1, познат и како „портал автобус“.

Според кинеската државна телевизија CCTV, овој вид превозно средство е дизајнирано и треба да го олеснува движењето по улиците на мегалополисите и да зголеми патничкиот сообраќај.

Автобусот во форма на буквата П се движи по шини, чиј простор за патници е на над два метра над површината. Должината и широчината на автобусот изнесуваат 22 односно 7,8 метри, а висок е 4,8 метри. Патничките возила со височина до два метра можат да минат под него во два реда.

Внатрешноста е предвидена за 300 патници, при што за 55 се предвидени седиште. Како што истакнуваат дизајнерите, на автобусот не му е неопходна посебна лента. Покрај тоа, тој нема да претставува проблем во времето на сообраќајните шпицови, бидејќи и самиот не го попречува движењето на сообраќајот.

Друга негова предност е што ќе биде придвижуван од електричен мотор. Така, според властите, во големите и густо населени кинески градови, овој вид транспорт ќе биде многу користен од патниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП