20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКурсот на биткоинот повторно се намали поради кражба

Курсот на биткоинот повторно се намали поради кражба

bi33

Курсот на дигиталната валута биткоин се распадна денеска, откако стана јасно дека хакери украле од дигиталната валута во вредност од околу 65 милиони долари.

Курсот се намали за 5,5 отсто во однос на доларот во 2,30 часот по локално време во Токио, со што падот за последните два дена достигнува 13%. Цената се намали за 6,2 отсто во понеделникот, иако не е јасно дали овој колапс е поврзан со нападот, пренесува „Bloomberg“.

Берзата со седиште во Хонг Конг, „Bitfinex“ објави во вторникот дека ја прекинува трговијата, повлекувањето и депонирањето, откако утврдила нарушување на безбедноста. Берзата појаснува дека се уште врши истрага на некои детали и признава дека 119.756 биткоини во вредност од околу 65 милиони долари биле украдени од нивните корисници.

Во „Bitfinex“ може да се тргува и со други криптовалути, како „Litecoin“ или „Ethereum“. Од хакерски напади, сепак биле погодени само биткоините. Берзата ветува дека ќе најде начин за компензирање на корисниците, откако појасни како се случил нападот.

Оваа случка ја зголемува загриженоста за безбедноста на криптовалутата.

bi34

„Високопрофилниот хакерски напад не е добар за довербата и ги поткопува напорите на пазарните учесници да го одржуваат пазарот според правилата“, појаснува пред специјализираниот сајт „CoinDesk“, Артур Хејс, извршен директор на друга биткоин берза – „BitMEX“.

Слично мислење изрази и пазарниот аналитичар Јакоб Елисеф. „Големо прашање е колку пари се украдени и како „Bitfinex“ ќе им компензира на корисниците“, вели тој.

Пазарните учесници имаат продадено преку „Bitfinex“ над 600.000 биткоини за последните 30 дена до 2-ри август, покажуваат податоците на „Bitcoinity“. Износот одговара на едвај 1,6 отсто од вкупниот обем продадени биткоини за периодот  или над 39 милиони биткоини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП