20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија гo слави Илинден

Македонија гo слави Илинден

cvv

Македонските граѓани во вторник го слават 2-ри Август – Ден на Републиката.

Годинава се одбележуваат 113 години од почетокот на Илинденското востание и 72 години од првото заседание на АСНОМ.

По повод националниот празник, Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов ќе присуствува и ќе се обрати на одбележувањето на државниот празник Илинден во Меморијалниот центар во Пелинце, во чии рамки е предвидено положување на свежо цвеќе и одржување на културно-уметничка програма.

Премиерот Емил Димитриев ќе говори на големиот народен собир на Мечкин камен, местото кое длабоко се втемели во македонската историја.

По повод 2 Август – Денот на Републиката, делегации на Собранието на Република Македонија ќе положат венци свежо цвеќе пред спомениците во Скопје.

Почетокот на Илинденското востание го објавиле камбаните во Крушево на полноќ спроти Илинден 1903 година. Околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската Република и станал нејзин претседател… Слободната Република траела десет дена.

Под команда на Бахтијар­паша, 18­ илјадна османлиска војска тргнала во акција за враќање на власта во Крушево.

Последните истрели на Мечкин Камен и загинувањето на војводата Питу Гули, го означиле и крајот на Крушевската Република.

Четириесет и една година по Илинденското востание, во манастирот Св. Прохор Пчињски кај Куманово 115 делегати го одржале Првото заседание на АСНОМ (Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија), на кое е потврдена општествено­ правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Заседанието го отворил Панко Брашнаров, најстариот делегат и сведок на двата Илиндена. Избран бил Президиум на АСНОМ, под претседателство на Методија Андонов­ Ченто.

Заседанието усвоило неколку документи со државнотворно значење, меѓу кои и Решението за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава и Декларацијата за основните права на човекот и граѓанинот на демократска Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП