2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААХВ: Русија забрани увоз само на живо говедско месо

АХВ: Русија забрани увоз само на живо говедско месо

kravi3

По информациите дека Русија го забрани увозот на говедско месо од Македонија, од Агенцијата за храна и ветеринарство соопштија дека нема никаква пречка соодветно термички третираните производи и нус производи од говедско месо да се извезуваат на рускиот пазар.

„Воведената забрана за увоз на говеда, месо и на други месни производи од Македонија во Русија поради појавата на болеста јазлеста кожа во нашата земја, е од времен карактер и се однесува исклучиво на живи животни, на месо и производи од говедско месо кои не се соодветно термички тертирани, како и на и нус производи од говедa (кожа) која не е соодветно третирана. Забраната за увоз, руските ветринарни власти ја вовеле согласно стандардите на Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ“, информираат од Агенцијата.

Од таму велат дека ќе останат во постојан контакт и комуникација со руските ветринарни власти и ќе ја следат состојбата. По смирувањето на болеста јазлеста кожа во Република Македониија Агенцијата за храна и ветеринарство официјално ќе побара од руските ветеринарни власти да извршат реевалувација на донесента одлука и да ја укинат воведената забрана за увоз од Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП