15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTesla и SolarCity ќе ја реализираат најголемата зделка во индустријата со соларни...

Tesla и SolarCity ќе ја реализираат најголемата зделка во индустријата со соларни панели

mask39955

Одборот на директори на „SolarCity“ го одобри купувањето на компанијата за 2,6 милијарди долари од „Tesla Motors“ на Илон Маск – цена која е пониска од првично предложената за најголемата зделка во индустријата со соларни панели до моментов, пренесува „Bloomberg“.

„Tesla“ ќе плати по 25,37 долари по акција за најголемата компанија за поставување на соларни панели во САД, се вели во соопштението на компанијата. Првично Маск им понуди на инвеститорите во „SolarCity“ меѓу 26,50 до 28,50 долари по акција за акција на „Tesla“. Тогаш аналитичарите изјавија дека цената е премногу ниска и се сомневаат колку е добра идејата на Маск да ја комбинира својата компанија за електрични возила со оваа за чиста енергија. Договорот и овозможува на „SolarCity“ да прима конкурентни понуди за купување до 14-ти септември, објавија компаниите.

Сега одлуката останува во рацете на акционерите на „Tesla“ и „SolarCity“. Ова го исклучува Маск, кој е претседател и најголем инвеститор во двете компании. Тој рече дека заедно двете компании ќе се претворат во гигант за чиста енергија, кој ќе создава електрични напојувања со соларни покриви и батерии кои ја чуваат оваа енергија.

Дел од другите директори на „SolarCity“ исто се исклучија од гласањето, слично на Маск, како неговиот братучеди Линдон и Питер Раив кои се ко-основачот на „SolarCity“, како и Џеј Би Страубел и Антонио Грасиас кои се поврзани со двете фирми. Членовите на одборот на „SolarCity“, Нанси Фунд и Доналд Кендал – Џуниор беа избрани да ја разгледаат кандидатурата на „Tesla“.

Кендал нема врска со „Tesla“. Фунд кој е управен партнер во компанијата за ризичен капитал „DBL Investors“, е еден кој од почеток ја дава поддршката за „Tesla“ и „SolarCity“.

„Постои голема синергија помеѓу овие две компании“, коментира извршниот директор на „SolarCity“, Линдон Раив во писмо до вработените по понудата за трансакција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП