2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИХакерите генерираат околу 34 милиони долари од виртуелни откупи

Хакерите генерираат околу 34 милиони долари од виртуелни откупи

haker333

Хакерите генерираат околу 34 милиони долари годишно од виртуелни откупи. Просечно над 9.500 лица месечно плаќаат на хакери, за да им се вратат шифрираните од нив информации што се претвораат во т.н. „ransomware“ во склопот на напад, објави „Cisco“ во својот редовен извештај за состојбата за сајбер безбедноста.

Податоците покажуваат дека во просек по 9.515 лица месечно плаќаат откуп, а притоа, просечниот откуп е 300 долари. „Ransomware“ вирусите обично се енкриптираните податоци кои се чуваат на вашиот компјутер и единствениот начин да се обноват е преку плаќањето на откупот. Обично тоа се случува преку „Bitcoin“, бидејќи е тежок за следење од полицијата.

Други варијации на „ransomware“ можат да го блокираат целиот компјутер и да го направат неупотреблив. Заразувањето со нив најчесто станува на класичните начини – преку прилози во пораки, преку заразени сајтови или лажни линкови на социјалните мрежи. Бидејќи повеќето корисници ретко го обновуваат софтверот кој го користат, за хакерите не е проблем да се профитира од стари и добро познати пукнатини во неговата безбедност.

Извештајот на „Cisco“ забележува и на други поугнетувачки трендови. „Ransomware“ нападите се зголемуваат кон болници, универзитети, бизниси и компании од различни области на бизнисот. Помалите компании немаат доволно ресурси или едноставно штедат на сајбер безбедноста, со што стануваат уште полесни цели.

Дури и некои од поголеми компании користат премногу стара техника. Анализата на „Cisco“ покажува дека од 115.000 скенирани мрежни уреди, како рутери и свичеви, 106.000 имаат добро познати пукнатини во безбедноста, кои не се прилагодени. Причините за тоа се две – или уредот е премногу стар и излегол од поддршка од страна на производителот, или едноставно не е со обновен софтвер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП