22 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗMercedes A Сlasѕ зa 2018-та година (видео)

Mercedes A Сlasѕ зa 2018-та година (видео)

acka3

Камерата фати „камулфиран“ прототип од следната генерација на компактниот хечбек на „Mercedes“

Aктуелниот модел имаше премиера на почетокот на 2012-та на женевскиот авто-саем. „Mercedes“ тогаш целосно ја промени концепцијата на својот најмал модел, трансформирајќи го во поткомпактно „MPV“ возило во хечбек од средна класа.

Се покажа дека компанијата направила вистински потег, затоа што на тој начин привлече, главно млади купувачи, кои претходно не беа заинтересирани за моделите на оваа германска марка, затоа што ги сметаа за премногу конзервативни. Наследникот ќе ја задржи формата на хечбек, а како што пренесува „Auto Express“, новата „A Сlasѕ“ ќе има простран и практичен ентериер.

Автомобилот и натаму ќе има преден погон и ќе биде поставен на модифицирана верзија на „MFA“ механичката платформа која има ознака „MFA2“. Благодарејќи на поголемот меѓуосовинско растојание, патниците ќе имаат повеќе простор во кабината, а багажникот ќе биде проширен.

acka4

Стилските детали тешко може да се предвидат под камулфажата, но на снимката може дека се види дека секое стоп светлон најверојатно ќе се состои од два елементи – еден на браникот и другиот на вратата од багажникот.

Значајни промени се очекуваат и во внатрешноста на возилото која би требало да биде дизајнирана по примерот на „C Сlasѕ“, со поголем екран на мултимедиланиот систем и квалитетни материјали. „Mercedes“ новата „A Сlasѕ“ ќе ја опреми и со бројни активни и пасивни безбедносни системи кои претходно беа резервирани само за моделите од повисоките сегменти.

Засега е рано уште да се говори за датумот на премиерата, но се претпоставува дека автомобилот ќе биде претставен на некој голем светски авто-саем во текот на 2018-та година.

Погледнете го видеото:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП