10 мај, 2025
ПочетнаАВТОБИЗAudi ja намалува прогнозата за добивка

Audi ja намалува прогнозата за добивка

mudi99

Лоши вести од Инголштад. Поради дополнителното оптоварувања како последица од дизел аферата и сервисната акција поради можен дефект на воздушните перничиња, „ќерката“ на „Volkswagen“, компанијата „Audi“ ги намалува целите за добивката за 2016-та година поради двата проблема, при што компанијата отпишува речиси 130 милиони евра од балансот за првото полугодие.

Додека досега се очекуваше оперативна добивка во износ од меѓу 8 и 10 отсто, сега поради овие еднократни ефекти се очекува вредност, „малку пониска“ од овој коридор, објави Концернот, цитиран од агенциите.

Во првото полугодие маргината достигна целно ниво од 8 проценти, откако една година порано беше во износ од 9,8 отсто.

Како премиум марка „Audi“ е во центарот на неодамна лансираната стратегија на „VW“ за акцент на електрични возила. До 2025-та година се очекува електричните автомобили да сочинуваат една четвртина од вкупната продажба на концернот. Првиот целосно електричен автомобил Концернот од Инголштад ќе го претстави во 2018-та година и тој ќе биде џип. Така компанијата ќе се обиде да го намали заостатокот од својот конкурент „BMW“, кој неодамна ја претстави втората генерација на електричниот модел „BMW i3“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП