Новата генерација „Porsche Panamera“ ќе стане цело семејство, потврдија од компанијата. Германците најавија дека во на автосаемот во Париз во октомври ќе покажат караван – „shooting brake“, а подоцна ќе се појави модификација на луксузниот модел со поголемо меѓуоскино растојание.
Караван верзијата на неколку пати беше фотографирана за време на тестовите во оваа година. Таа речиси ќе го повторува концептот „Panamera Sport Turismo Concept“ (на сликите), кој беше претставен уште во 2012-та година. Сериското производство на овој автомобил ќе биде лансирано уште во октомври, а првите примероци ќе бидат доставени на клиентите пред крајот на годината.
Од „Porsche“ открија исто дека верзијата на „Panamera“ со зголемено меѓуоскино растојание ќе го добие додатокот „Exclusive“. Кај неа растојанието помеѓу двете оски ќе порасне од сегашните 2950 на 3100 мм. Сите додадени милиметри ќе одат во корист за патниците кои се возат на задните седишта.
Што се однесува до моторите – и кај двете нови модификации тие ќе бидат идентични со оние на индикации кај стандардниот модел. Тоа се 2,9-литарски V6 со 440 КС за „Panamera S“, 4,0-литарски V8 со 550 КС за „Panamera Turbo“ и 4,0-литарски со 422 КС за „Panamera 4S Diesel“. Ќе има и хибридна верзија со околу 700 КС.