3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНЛБ Банка со рекордна добивка од над 9 милиони евра за првата...

НЛБ Банка со рекордна добивка од над 9 милиони евра за првата половина од 2016 годината

nl

Во периодот од 1.1.2016 година до 30.6.2016 година НЛБ Банка работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2016 година, прилагодувајќи го тековното работење на економските и пазарните услови во земјата.

Во првото полугодие од 2016 година, нето каматните приходи се повисоки за 12,9% споредено со истиот период од претходната година. Приходите од камати се повисоки за 5,8%, главно поради повисока состојба на кредити од население при пониски каматни стапки како и повисока состојба на благајнички записи. Расходите по камати се пониски за 11,2% како резултат на намалување на каматните стапки на депозитите во текот на 2015 година.

Нето приходите од провизии се повисоки за 3,0%. Приходите од провизии се зголемени за 8,0% како резултат на остварен пораст во доменот на картичното работење (зголемен број на картички и зголемен број на трансакции во ПОС мрежата),  повисоки остварени приходи од платен промет во земјата, како и поради повисоки остварени приходи од водење на зголемениот број на трансакциски сметки и лично банкарство.

Расходите за провизии се повисоки за 21,3%, главно поради зголемен обем на работа кај картичното работење (зголемување на број и вредност на трансакции и зголемена цена на провизија за меѓубанкарско порамнување), повисоки расходи по провизии за кредитни посредници и зголемени трошоци за работа со готовина.

Останатите некаматни приходи изнесуваат 160.536 илјади МКД и се повисоки за 8,3% во однос на претходната година.

Вкупните приходи од работење изнесуваат 1.955.581 илјади МКД и се повисоки за 10,0%.

Вкупните оперативни трошоци изнесуваат 1.014.463 илјади МКД и се повисоки за 23,2%.

Во првото полугодие од 2016 година беа издвоени исправки на вредноста на финансиските средства, на нето основа во износ од 277.079 илјади МКД, пониски за 17,0% споредено со истиот период од претходната година, што соодветствува на структурата и на квалитетот на пласманите на Банката. Исправките на вредност на нефинансиски средства изнесуваат 40.127 илјади МКД и се пониски за 40,0%  Дополнително, останатите расходи од дејност изнесуваат 559.624 илјади МКД и во однос на минатата година се повисоки за 47,0% главно поради издвоените резервации за правен ризик.

Нето добивката на Банката заклучно со 30.6.2016 година изнесува 575.771 илјади МКД и е повисока за 12,9% во однос на истиот период од 2015 година.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП