12 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSubaru го покажа првиот STI хибрид (фото)

Subaru го покажа првиот STI хибрид (фото)

ts sub 00

„Subaru“ ја претстави хибридната модификација на хечбекот „XV“, која е доработена од делот „Subaru Tecnica International“ (STI) која се занимава со изработка на спортски верзии на моделите на марката. Автомобилот добил додаток „tS“ и претставува првиот хибрид, дело на експертите од „STI“.

ts sub 02

Автомобилот добил покрута суспензија со нови пружини и амортизери. Преработен е и управувачот. Покрај тоа „XV tSе“ е опремен со 17-инчни бандажи, преден сплитер, нови прагови и спојлер на покривот, црно куќиште на ретровизорите и на решетката на ладилникот. Цевките на издувниот систем се наоѓаат во центарот на задниот браник.

ts sub 03

Погонскиот агрегат на хибридниот „Subaru XV“ не претрпел никакви изменети. Како досега, хечбекот е опремен со 2,0-литарски „боксер“ со 150 КС и „CVT“ трансмисија во која е интегриран електромотор со 13 КС и 65 Нм.

ts sub 04

Во моментов „Subaru XV Hybrid tS“ е достапен само во Јапонија. Таму цените стартуваат од 3.326.400 јени, што е приближно 31.700 долари – околу 7.000 долари над цената на стандардната хибридна „XV“ во основната опција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП