19 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИРасте продажбата на Galaxy S7 и Galaxy S7 Edge паметните телефони

Расте продажбата на Galaxy S7 и Galaxy S7 Edge паметните телефони

sgalaxy 33

Силната продажба на паметни телефони, посебно на Galaxy S7 и Galaxy S7 Edge моделите, му помогна на Самсунг да го оствари најдобриот квартален резултат во последните две години.

Добивката на компанијата во второто тромесечје пораснала 18 отсто во однос на истиот период минатата година, на 7,17 милијарди американски долари.

Оперативната добивка на одделот за производство на мобилни телефони скокна 27 отсто, што е најмногу благодарејќи на моделите Galaxy S7 и Galaxy S7 Edge.

Самсунг очекува добра побарувачка на своите модели на паметни телефони и таблети и во втората половина на годината. Но, очекува и заострување на пазарната конкуренција откако другите компании ќе ги лансираат новите мобилни уреди.

Резултатот на Самсунг е целосно поинаков од оној на Apple, кој оваа недела објави податоци за 15 отстотен пад на продажбата на iPhone во второто тромесечје на годишно ниво.

Apple очекува пад на продажбата и во тековниот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП