3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Shell забележа пад од две третини во вториот квартал

Профитот на Shell забележа пад од две третини во вториот квартал

sehlce3

Профитот на британско-холандската енергетска компанија „Royal Dutch Shell“ се распадна во вториот квартал, а причина за тоа е неусогласеноста помеѓу очекуваните и реалните резултати која изнесува над 1 милијарда долари, соопшти „Bloomberg“.

Падот во приспособениот профит изнесува 72% во однос на една година порано и е 1,05 милијарди долари. Пазарните предвидувања беа за профит од 2,16 милијарди долари.

Главниот извршен директор Бен ван Борден управува со процесот за намалување на трошоците по двегодишниот пад на цената на нафтата. 25-процентно поскапување на Брент во вториот квартал доведе до одредено олеснување, но сега изгледа се забавува. Интерференцијата во приносите во Нигерија и Канада ги зголемија проблемите за „Shell“.

„Ниските цени на нафтата продолжуваат да бидат значителен предизвик за бизнисот, особено за истражувањата и екстракцијата“, вели Ван Борден во соопштението. Производството во вториот квартал изнесува 3,51 милиони нафтен еквивалент на ден во позадина на предвидувањата за 3,63 милиони.

„Ова е многу големо изненадување од страна на „Shell“.Работите не изгледаат подобро и за третиот квартал, има слабост во индустријата на рафинирање, а и ископувањето исто така е под притисок “, вели Брендан Ворн, управен директор во „BMO Capital Markets“ во Лондон.

Загубата на „Shell“ од нафта и гас се проширува до 1,3 милијарди долари од 469 милиони долари од пред една година.

Профитот од бизнисот со рафинирање се намалува за 39% до 1,8 милијарди долари.

„Shell“ планира да троши меѓу 25 и 30 милијарди долари годишно до 2020-та година, иако Ван Борден изјави дека компанијата може да ги намали трошоците дополнително, ако ги одложи проектите и ако цената остане под 50 долари за барел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП