26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПад на профитот на Hyundai Motor

Пад на профитот на Hyundai Motor

hyu

Профитот на Hyundai Motor падна во второто тромесечје, десетти квартал по ред, а од компанијата предупредија и на тешка втора половина на годината заради силната конкуренција и падот на побарувачката на нејзините седани во САД.

Во соопштението на петтата најголема автомобилска компанија во светот, во партнерство со Kia Motors, се наведува дека нејзиниот нето профит во периодот од април до јуни паднал 2,6 отсто, на 1,46 милијарди американски долари во однос на истиот период минатата година.

Приходите на Hyundai во вториот квартал пораснаа осум отсто, додека оперативниот профит е зголемен 0,6 отсто.

Во тој период, глобалната испорака на возилата на Hyundai пораснала четири отсто, на 1,29 милиони возила благодарејќи на закрепнувањето во Кина, најголемиот светски пазар на автомобили.

Во изминатите неколку години Hyundai се надеваше во новите верзии на своите седани за да го прекине долгорочниот пад на профитот. Но, ниските цени на нафтата ги свртеа потрошувачите во САД, втор најголем пазар за Hyundai, кон бензинските спортски возила и пикапи, што тешко ја погоди јужнокорејската фирма заради фокусираноста на производство на седани.

„Очекуваме дека конкуренцијата ќе зајакне на пазарот во САД во втората половина на годината“, рече Зајонг Ко, претседател на Hyundai задолжен за односи со инвеститорите.

Од Hyundai порачаа дека работењето на компанијата ќе биде сѐ понеизвесно во втората половина на годината заради одлуката на Велика Британија да излезе од ЕУ. Компанијата, исто така, има проблеми на домашниот пазар, откако минатата недела се соочи со четиридневен штрајк на работниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП