5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTurkish Airlines: Сите активности и летови на компанијата се одвиваат непречено

Turkish Airlines: Сите активности и летови на компанијата се одвиваат непречено

turkish_airlines222

Националниот авиопревозник на Турција, Turkish Airlines, заедно со сиот храбар и чесен турски народ со извонредни напори, одигра важна улога во окончувањето на злонамерниот нелегален обид, вечерта на 15-ти јули годинава, се вели во соопштение на компанијата.

„Тримесечната вонредна состојба, прогласена од страна на нашиот претседател Реџеп Таип Ердоган има за цел да и овозможи на Република Турција да ги преземе сите неопходни мерки на претпазливост. Сите државни и владини органи, исто така, потврдија дека се работи за мерки на претпазливост за да се заштити земјата од сите можни закани; одржување на сите демократски права и продолжување на сите основни права и слободи“, велат од турксата компанијата.

Од таму додаваат дека сите активности и летови на Turkish Airlines се одвиваат и ќе продолжат да се одвиваат непречено. Во својство на национален авиопревозник на Турција што лета во повеќе земји од било која друга авиокомпанија, и опслужува 290 дестинации во 116 земји ширум светот, Turkish Airlines како и до сега, ќе продолжи да го приближува светот до сите свои патници нудејќи врвно искуство во тек на летот, додааат од компанијата./

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП