16 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTurkish Airlines отпушти повеќе од 100 вработени

Turkish Airlines отпушти повеќе од 100 вработени

turkis

Авиокомпанијата Turkish Airlines отпушти повеќе од 100 вработени, меѓу кои се и членови на управата и авионски персонал, во рамки на чистките во државните институции кои имаат за цел да се отстранат приврзаниците на пропаднатиот пуч.

Смените во државниот авиопревозник направени се во недела вечер, откако било утврдено дека неговите службеници биле поврзани со верското движење за кое претседателот Реџеп Тајип Ердоган тврди дека имало за цел да ја собори владата, пишува весникот Sabah.

Претставник на Turkish Airlines, четврта по големина европска авиокомпанија, одби да ги коментира медиумските наводи.

Според пишувањата на другите медиуми, смените се направени заради неефикасност.

Интернет страницата Thelira.com пренесува дека околу 250 работници, во главно кабински персонал се сменети заедно со околу 100 членови на управниот и административниот персонал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП