1 јули, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПриходите на Huawei пораснале за 40 отсто

Приходите на Huawei пораснале за 40 отсто

huvi 99

Приходите на кинескиот производител на телекомуникациска опрема Huawei пораснале во првото полугодие за 40 отсто, благодарејќи на стабилниот раст на продажба на паметни телефони.

Вкупните приходи од продажбата достигнаа 245,5 милијарди јуани, односно 36,7 американски долари во периодот од јануари до јуни, покажуваат новите податоци на компанијата.

„Уверени сме дека Huawei ќе го задржи актуелниот залет и дека целата година ќе има позитивна финансиска позиција“, рече финансискиот директор на компанијата Сабрина Менг.

Huawei е еден од водечките провајдери на мрежна инфраструктура во светот, а продажбата на неговите производи, меѓу кои и паметните телефони, порасна минатата година 73 отсто на 129,1 милијарди јени.

Huawei минатата година држеше повеќе од осум отсто од уделот од светскиот пазар на паметни телефони, па се најде на третата позиција, зад Samsunga и Apple, според овогодишниот извештај на компанијата International Data Corporation.

Нето профитот на Huawei минатата година пораснал 33 отсто на годишно ниво, на 36,9 милијарди јени, додека приходите се зголемени 37 отсто на 395 милијарди јени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП