3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Turkiye Halk Bankasi Anonim Sirketi“ ја зголемува главнината во „Халк банка“ АД...

„Turkiye Halk Bankasi Anonim Sirketi“ ја зголемува главнината во „Халк банка“ АД Скопје

halki 335

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 96-тата седница со која претседаваше Претседателот на КХВ Елизабета Чингаровска  на “Халк банка ” АД Скопје ѝ ја одобри дванаесетта емисија на акции по пат на приватна понуда.

Со дванаесетта емисија на акции, “Халк банка” АД Скопје ќе издаде 73.949 обични акции со номинална и продажна вредност од 10.000 денари по акција или со вкупен износ на емисијата од 739.490.000 денари. Зголемувањето на основната главнина со нови парични влогови се врши за познат купувач –институционалниот инвеститор “Turkiye Halk Bankasi Anonim Sirketi” од Република Турција.

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на седницата што се одржа денеска на 26-ти јули, 2016-та година даде согласност Сашо Дракуловски и во наредните четири години да биде именуван за директор на брокерската куќа “Еурохаус” АД Скопје. Сашо Дракуловски и досега беше на оваа позиција.

Исто така , КХВ издаде една, а обнови две лиценци за инвестициски советници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП