Уште следната година ќе видиме нов модел на „Mercedes-AMG“, кој ќе биде толку посебен што ќе ги засени дури сегашните најбрзи автомобили на планетата – „McLaren P1“, „Porsche 918 Spyder“ и „Ferrari LaFerrari“. Возилото на производителот со седиште во Штутгарт ќе располага со моќност од 1300 КЅ, тврди „GТspirit“.
Според информациите што ги има во моментов, ниту се потврдени, ниту одречени од страна на „Mercedes-AMG“, моделот ќе се нарекува „R50“ и во моментов е подложен на испитувања. Премиерата треба да се случи за околу една година – во средината на 2017-та.
Слично на „McLaren P1“, „Porsche 918 Spyder“ и „Ferrari LaFerrari“, моделот на „Mercedes-AMG“ ќе има хибриден агрегат. Системот ќе се состои од два електрични мотори со 150 КС, кои ќе ги придвижуваат тркалата. За задната оска е предвиден 2,0-литарски мотор со турбо, од кој ќе бидат неверојатните 1.000 КС.
Значи вкупната моќност на автомобилот ќе достигнува 1300 КС. Нешто повеќе, соодносот меѓу моќноста и маса ќе биде „1 to 1“, бидејќи се тврди дека возилото ќе тежи само 1300 килограми. За постигнување на толку мала тежина заслуга имаат малиот волумен на моторот, како и целосно карбонска конструкција, додаваат од „GTspirit“.
За „Mercedes-AMG R50“ е предвиден исто така систем за погон на 4 тркала, активна аеродинамика и адаптивна шасија, која го контролира индивидуално секое од тркалата.
Хиперавтомобилот на „Mercedes-AMG“ ќе се искористи и од голем број на технологии од Формула 1. Тој ќе се најде во една категоријата со друг од претстојните модел – „AM-RB 001“, кој е во развој од страна на „Aston Martin“ и „Red Bull“.
Се очекува цената на новиот „Mercedes“ да биде помеѓу 2 и 3 милиони евра.