4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХаотичниот Brexit може да избрише спојувања и преземања од 1,6 илјади милијарди...

Хаотичниот Brexit може да избрише спојувања и преземања од 1,6 илјади милијарди долари

spojuvanja 335

Евентуалното хаотично излегување на Британија од Европската унија (ЕУ) може да ги избрише потенцијалните спојувања и превземања во вредност од 1,6 илјади милијарди долари, покажува новото истражување, цитирано од „Bloomberg“.

Недостатокот на јасен план за „Brexit“ може да создаде циклус од политичка и пазарна неизвесност и да влијае на краткорочните инвестициски планови и бизнис довербата, покажува истражувањето на „Baker & McKenzie“ што е базирано на финансиски модели на „Oxford Economics“. Прогнозата за растот на британската економија во студијата е намалена за половина до 1,1% во 2017-та година, а очекувањата се обемот на обединувања на Островот да се намали за најмалку 240 милијарди долари во следните пет години.

Несигурноста создадена од британскиот референдум на 23-ти јуни, на кој поголемиот дел од гласачите се изјаснија за излез од ЕУ веќе влијае. Од почетокот на годината глобалните спојувања и превземања веќе се намалени за 16% до 1,5 илјади милијарди долари, покажуваат податоците собрани од „Bloomberg“.

А сепак сликата не е толку мрачна. Во месецот по британскиот референдум се прогласени трансакции во вкупна вредност од 103 милијарди долари со учество на европски компании. Меѓу нив се понудата на „SoftBank Group Corp.“ за „ARM Holdings Plc“ од 32 милијарди долари и договорот на „Danone“ за присоединување на „WhiteWave Foods Co.“.

„Во последните неколку дена гледаме докази дека британскиот пазар на спојувања и превземања нема да смрзне нагло, дури и да не го задржи досегашното темпо. Лондон ќе се одржи и ќе има извонредна концентрација од финансиски, правни и економски таленти“, коментира Тим Џин од „Baker & McKenzie“.

Не се очекува влијанието на „Brexit“ да доведе до глобален „Lehman момент“, како главно сценарио според истражувањето се очекува „умерен пад на активноста при обединувањата во следните две години, пред целосно да се опорави“.

Во слична студија од 2015-та година од „Baker & McKenzie“ прогнозираа дека евентуалното излегување на Грција од еврозоната може да избрише идни спојувања и превземања во вредност до 1,4 илјади милијарди долари.

При негативен развој на настаните денешната студија предвидува значително забавување на растот во еврозоната и 40% пад на обединувањата во регионот, со исклучок на Велика Британија, во 2017-та година во споредба со варијанти, ако во земјата гласаа за останување во ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП