2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМиноски ја смета еврообврзницата за нужна

Миноски ја смета еврообврзницата за нужна

minovski bogov33

Нужно било издавањето на еврообврзницата, смета министерот за финансии, Кирил Миноски, кој очекува средствата да легнат во наредните денови, а парите ќе бидат употребени за буџетски потреби за 2016 и 2017 година.

„Нашата интенција е дефицитот да се покрие што е можно повеќе со извори на средства од меѓународниот финансиски капитал. Целта е да се остават повеќе средства кај банките во домашната економија, кои би ги искористиле за кредитирање зашто нашата основна цел е да го развиеме приватниот сектор. Ако имаме поразвиен приватен сектор значи имаме подобра даночна основа“, објасни министерот, во петок по завршувањето на редовната седница на Комитетот за финансиска стабилност.

Според него, добра адреса за поставување на прашањата во врска со висината на каматната стапка за еврообврзницата е поранешниот дополнителен министер Кире Наумов.

„Ако не беа писмата на опозицијата, каматната стапка ќе беше многу пониска“, рече Миноски.

За издавањето на еврообврзницата, гувернерот Богов рече дека за тоа одлучува Министерството за финансии, тоа ги следи состојбите и ги планира задолжувањата.

„Министерство за финансии одлучува за издавањето на еврообврзницата, тоа ја следи состојбата и ги планира задолжувањата. Собранието гласа за буџетот во кој се содржат сите потреби. Народна банка не го оценува тоа, туку води монетарна политика која ја усогласува со финансиската политика“, изјави Богов.

На прашање дали и без парите од еврообврзницата во буџетот има доволно средства за плати и за пензии, Миноски не даде одговор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП