18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFCA ќе инвестира 1 милијарда долари во Jeep

FCA ќе инвестира 1 милијарда долари во Jeep

jeep usa 335

Американската поделба на концернот „Fiat Chrysler Automobiles“ (FCA) ја објави својата намера да инвестира 1 милијарда долари во развој на брендот „Jeep“. Главниот дел од оваа сума ќе оди за обновување на две од фабриките на компанијата во САД, пишува „Automotive News“.

Фабриката „Belvidere Assembly Plant“ во Белведере, Илиноис, ќе добие 300 милиони долари. Со овие средства до 2017-та година ќе бидат создадени 300 нови работни места и ќе почне производството на кросоверот „Jeep Cherokee“, кој сега се составува во друга фабрика – во Толедо.

Уште во септември, Концернот ќе запре со производството на седанот „Dodge Dart“, а во декември истото ќе се случи и со теренецот „Jeep Compass“/„Patriot“. Судбината на „Dart“ беше најавена уште кон крајот на минатата година, а како причина за откажување од него е падот на интересот од страна на клиентите.

Што се однесува до моделите „Compass“ и „Patriot“ – тие ќе добијат општ наследник, кој ќе се најде во гамата меѓу „Renegade“ и „Cherokee“ во спектарот на „Jeep“. Теренецот кој го носи кодното име „551“ е речиси готов и се очекува да биде прикажан пред публика во текот на есента.

Концернот ќе ги инвестира останатите 700 милиони долари во фабриката „Toledo Assembly Complex“ во Толедо, Охајо. Таму ќе биде насочено производството на новата генерација на „Jeep Wrangler“. За возилото се знае дека ќе ја задржи конструкцијата, но таа веќе ќе биде претежно од алуминиум. Во палетата на мотори ќе влезе нов 2,0-литарски турбо мотор со 300 КС. Ќе има и хибридна верзија, а во 2017-та година ќе излезе и пикап верзија врз основа на новиот „Wrangler“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП