28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook Messenger соборува рекорди

Facebook Messenger соборува рекорди

mess 33

Повеќе од 1 милијарда луѓе во светот денес користат „Facebook Messenger“ секој месец, пишува „The Verge“.

Со постигнувањето на таа цел „Facebook“ веќе има две апликации за разговор, чии членови надминуваат 1 милијарда лица, откако таа граница беше премината од „WhatsApp“ во февруари.

Растот на „Facebook Messenger“ во 2016-та година е навистина импресивен, а за три месеци апликацијата додаде нови 100 милиони корисници. Услугата ја премина границата од 800 милиони лица во јануари и 900 милиони лица во април.

fm12

Од „Facebook“ дури информираа дека „Messenger“ веќе е втората најпопуларна апликација за „iOS“ за сите времиња (по „Facebook“, се разбира). Секој ден во „Messenger“ се испраќаат над 1 милијарда пораки, како и 17 милијарди слики. Корисниците исто така им праќаат на пријателите и 380 милиони емотикони и 22 милиони „GIF“-ови секој ден.

И сето тоа за помалку од 5 години. Импресивено, нели?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП