28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИХакери ќе ја уништуваат играта Pokemon Go

Хакери ќе ја уништуваат играта Pokemon Go

pokemon igra 33

Хакерската група којашто себеси се нарекува PoodleCorp објави дека има намера да ја уништи играта Pokemon Go, којашто стана масовен светски хит меѓу корисниците на паметни телефони.

Британскиот онлајн дневен весник The Independent пишува дека хакерскиот напад може да се случи на 1-ви август. Се претпоставува дека овие хакери го организирале DDoS напад врз серверите на играта минатата сабота. Тогаш беше објавено дека тоа е „самиот првиот обид“.

Масовната хистерија предизвикана од играта за т.н. виртуелна проширена стварност Pokemon Go, се споредува со популарноста што своевремено ја имаа Angry Birds и Тетрис. За само една седмица од лансирањето на играта, таа стана хит, а нејзините масовни преземања ја удвои капитализацијата на компанијата „Nintendo“, а нејзината акција од 6-ти јули скокна за повеќе од 100 отсто.

Бројката на преземања на играта надмина 25 милиони, а бројот на секојдевните корисници се проценува на 20 милиони луѓе.

Корисниците ги ловат покемоните за да се изборат за правото први да го фатат реткото суштество. Сепак, експертите ги повикуваат поклониците на оваа игра да бидат внимателни на улиците при уживањето во играта која ги „меша“ реалниот и виртуелниот свет.

Pokemon Go е масована повеќекорисничка фри-ту-плеј онлајн игра на јапонската компанија „Nintendo“, со елементи на т.н. проширена или зголемена реалност, разработена од страна на компанијата „Niantic“ за iOS и Android уреди.

Целта на играта е да се открие и фати покемон. Исто така, може да се управуваат покемоните да се борат меѓу себе, да комуницираат и да се заменуваат со други корисници на играта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП