17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMicrosoft изненади со профитот по тешкaта година

Microsoft изненади со профитот по тешкaта година

microsoft-headquarters-070712

Американската технолошка компанија „Microsoft“ оствари добивка од 3,1 милијарди долари во кварталот кој штотуку заврши.

Microsoft така изненадувачки влезе повторно во позитивната зона по годината со огромни трошоци поради отписот на средства во секторот на мобилната телефонија.

Добивката на технолошкиот гигант во четвртиот квартал од неговата фискална година е речиси идентична на загубата од претходната година, кога презема обврски поголеми од 7 милијарди долари со аквизицијата на оддлението на „Nokia“ за мобилни телефони, пренесува агенцијата Франс прес

Приходите на „Microsoft“ паднаа на 20,6 милијарди долари од 22,2 милијарди во истиот период на минатата година.

Сепак, „Microsoft“ ја затвори минатата фискална година со раст на профитот од 38 проценти на 16,8 милијарди долари.

Компанијата во јуни најави акцизиција на „LinkedIn“ за 26 милијарди долари, што е најголемото некогаш договорено преземање на една компанија од областа на социјалните мрежи, од која се очекува дека ќе му помогн на „Microsoft“ да ја прошири својата понуда во секторот за облак компјутери за претпријатијата.

Според извештајот за работењето, „Microsoft“ ги зголеми приходите од пребарувања на огласи за 54 проценти во однос на претходната година, што беше поттикнато од користењето на Bing, главниот пребарувач на Windows 10.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП