
Легендарниот „McLaren F1“ може да биде произведен повторно во ограничен тираж од 64 примероци, објави „Autocar“.


Легендарниот „McLaren F1“ може да биде произведен повторно во ограничен тираж од 64 примероци, објави „Autocar“.
Иако „P1“ е сметан за овој период за наследник на „F1“, британската компанија „McLaren“ има намера да лансира суперексклузивен автомобил во 2018-та година, кој ќе располага со истиот распоред на седиштата – 1 + 2, како кај оригиналниот „F1“.
Погонот на новиот „McLaren“ најверојатно ќе биде од преработен 3,8-литарски битурбо V8 мотор со 700 КС. Тој, сепак, за разлика од „P1“, нема да има хибриден систем. Со подобрувањата на моторот и лесната шасија на идниот „F1“, се претпоставува дека максималната брзина од 320 км/ч ќе биде лесно достапна.
Повикувајќи се на извор на „Autocar“, тоа ќе биде најдобриот „McLaren“ во историјата на компанијата, иако не е побрз од „P1“.
Се уште не се познати сите информации за идниот проект на компанијата од Вокинг, но најверојатно обновениот „F1“ ќе чини 2 милиони фунти, што е двапати повеќе од „P1“.