1 јули, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle од реклами заработи повеќе од сите американски печатени медиуми заедно

Google од реклами заработи повеќе од сите американски печатени медиуми заедно

Во последниве години, приходите од интернет рекламирањето брзо растат, додека приходите од рекламирање во печатените медиуми опаѓа драстично.

Згаснуваат дури и некои угледни весници, како што се американскиот неделник Newsweek, чие печатено издание ќе излегува само до крајот на оваа година. Многумина се прашуваат каква е иднината на печатените медиуми, и се најавува најмрачното сценарио.

Американската компанија Statista.com ги споредила полугодишните приходи на американскиот интернет гигант Гугл со приходите од традиционалните реклами на сите американски весници. Google на глобално ниво во првите шест месеци од оваа година остварил 20.8 милијарди долари бруто приходи, додека сите американски весници заедно со рекламите во нивните печатени изданија, оствариле 19.2 милијарди долари.

Во пропратниот коментар, Statista.com вели дека споредбата не е сосема фер. Податоци, всушност, не се споредливи, бидејќи кај Google се зема во предвид глобалниот бизнис, но тие сепак даваат груба слика на трендовите, односно колку е навистина важен бизнисот на Google за опаѓањето на рекламирањето во печатените медиуми. Во 2006 година, медиумите од реклами во печатените изданија заработиле повеќе од 70 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП