28 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Goldman Sachs ги надмина очекувањата

Профитот на Goldman Sachs ги надмина очекувањата

profit gs 933

Американската инвестициска банка „Goldman Sachs“ објави сериозен раст на профитот за третиот квартал по закрепнувањето од бруталниот старт на годината. И профитот и приходите на компанијата ги надминаа очекувањата.

Нето добивката во вториот квартал на банката со седиште во Њујорк порасна до 1,82 милијарди долари, или 3,72 долари по акција, од 1,05 милијарди долари, или 1,98 долари за акција, на годишна основа. Добивката во претходното тримесечје на годината беше под притисок поради правните трошоци од 1,45 милијарди долари поврзани со договор со американското Министерство за правда во случајот на хипотекарните кредити.

Приходите сепак се намалени за 13% до 7,93 милијарди долари од 9,07 милијарди долари.

Очекувањата беа банката да има профит од 3 долари по акција со приходи од 7,58 милијарди долари, покажува просечната прогноза на аналитичарите анкетирани од „Thomson Reuters“.

„Goldman“ се обидува да се опорави од првото тримесечје, што беше најлошото од почетокот на управувањето на претседателот и извршен директор Лојд Бланкфајн. Во последните три месеци компанијата се прошири во нови насоки, на пример понуда на онлајн штедни сметки преку банкарската поделба. Во исто време банката намали други свои бизниси. Според претходните информации, „Goldman“ има намалено стотици работни места во единицата за трговија со обврзници од почетокот на годината, па досега.

Приходите од тргување се зголемија за 2% до 3,68 милијарди долари од 3,6 милијарди долари на годишна основа, водени од растот од 20% на трговијата со обврзници, валути и суровини.

Акциите на „Goldman“ кои не забележаа посебна промена во трговијата пред отворањето на пазарот се поевтини за 9,4% од почетокот на годината, што е полошо од падот од 7,7% на индексот за големите комерцијални банки „KBW Nasdaq Bank“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП