19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврообрзницата од 650 милиони евра повторно понудена на пазарот

Еврообрзницата од 650 милиони евра повторно понудена на пазарот

evrata 35353

Откако пред пет дена беше одложено издавањето на еврообрзницата, Македонија денеска повторно на пазарот ја понуди истата со вредност од 650 милиони евра со рок за враќање од 7 години и камата од 5 проценти, јавува Ројтерс“.

Во четвртокот, Македонија го одложи издавањето на седумгодишната еврообврзница откако член на опозицискиот СДСМ преку писмо до банките гаранти ја оспори легалноста на постапката.

Во писмото било наведено дека земјава нема соодветен правен механизам за издавање на еврообврзницата и доколку се издаде, можно е да се прекршат одредени закони и правила во Македонија.

Сепак, денеска „Ројтерс“ објави дека Македонија повторно ја понудила еврообврзницата на светските берзи, а каматата за неа ќе изнесува 5 проценти. Еврообврзницата е со рок на доспевање од седум години, а главни банки кои управуваат со продажбата на емисијата се „Сити груп“, „Дојче банка“, „Ерсте група“ и „Сосиете женерал“.

Според влијателните кредитните рејтинг агенции, Македонија има различни оценки, па така „BB-“ има од „Standard & Poor’s“ и „BB+“ од „Fitch“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП