28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПрви информации за новите смартфони на Nokiа

Први информации за новите смартфони на Nokiа

andro nokia333

Пристигнуваат првите информации за новите паметни телефони кои на пазарот ќе бидат претставени под бреднот „Nokiа“. Станува збор за два смартфони кои ќе бидат базирани на оперативниот систем „Android“.

Во склад со постигнатиот договор со „Nokiа“, зa дистрибуција, продажба и маркетинг на новите уреди под капата на „Nokiа“ ќе се погрижи финската компанија „HMD Global Oy“, додека за производство на смартфоните и синџирот за снабдување ќе биде задолжена компанијата „FIH Mobile“ (инаку подружница на компанијата „Foxconn“).

Двата споменати паметни телефони би требало да имаат 5,2-инчен, односно 5,7-инчен екран со „QHD“ резолуција, „Snapdragon 820“ процесор, метално куќиште, „IP68“ сертификат за отпорност на прашина и вода, како и оперативниот систем „Android 7.0 Nougat“ во комбинација со „Z Laucher“.

Вреди да се напомене дека 5,7-инчната верзија на телефонот би требало да има главна камера од 22.6 мегапиксели и дека на кинескиот пазар ќе се продава по цена од 3000 јуани (oколу 450 долари). Се што досега е објавено треба да се сфати само како гласина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП