28 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ сака слободна трговија со Азија

ЕУ сака слободна трговија со Азија

договор-рговија

Сите 29 земји-членки на Европската унија дадоа „зелено светло“ за отворање на преговорите со Индонезија за договорот за слободна трговија.

„ЕУ и Индонезија претставуваат огромен пазар од 750 милиони потрошувачи. Овие преговори се клучни за ослободување на синергија меѓу нашите економии“, се наведува во заедничкото соопштение на европската комесарка за трговија Сесила Малмстрем и индонезискиот министер за трговија Том Лембонг, пренесува агенцијата Франс прес.

Преговорите со Индонезија, како што се вели во соопштението, ќе започнат до крајот на оваа година.

Освен Индонезија, ЕУ веќе е во преговори за слободна трговија со Филипини, Малезија и Тајланд, а во 2014 година го заклучи договорот со Сингапур, а во 2015 година со Виетнам.

Одлуката за нов трговски договор доаѓа во тешки времиња, бидејќи во Европа растат сомнежите во јавноста во поглед на бенефитите на глобализацијата.

Неодамна постигнатиот и трговски договор меѓу ЕУ и Канада го очекува ризичен процес на ратификација во парламентите на 23-те земји членки на Унијата, додека предложениот договор со САД е во опасност да биде отфрлен, оценува АФП.

ЕУ исто така ја очекуваат идни потенцијални трговски договори со Британија кога таа конечно ќе го напушти европскиот блок по исходот на минатомесечниот референдум.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП