18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАMoody's ќе го намали кредитниот рејтинг на Турција

Moody’s ќе го намали кредитниот рејтинг на Турција

tu 33

Откако во понеделникот рејтинг агенцијата „Fitch“ предупреди дека може да го намали кредитниот рејтинг на Турција, нејзиниот ривал „Moody’s“ директно го стави рејтингот на земјата на листата за ревизија кон намалување, соопштува агенцијата, цитирана од „Ројтерс“.

Во моментов „Moody’s“ ја проценува Турција со рејтинг „Baa3“, вели новинската агенција.

„Ревизијата се должи на потребата од оцена на среднорочно влијание од неуспешниот воен удар врз економскиот раст на Турција, законотворечките институции и надворешните фактори, па затоа се земаат во предвид веќе постоечките проблеми во овие области“, пишува во пораката на агенцијата за рејтинг.

Агенцијата додава дека со ревизијата на рејтингот ќе се забележи одржливиот пад на домашната побарувачка, кој е многу веројатно да претставува проблем на економскиот раст во следните неколку години.

И „Moody’s“, слично на „Fitch“, ги нагласува политичките проблеми на Турција, кои се продлабочуваат по обидот за преврат. Во соопштението на агенцијата се наведува дека политиката во земјата станува се повеќе непредвидлива што ги одбива странските инвеститори и го ограничува пристапот на земјата до ликвидност.

Агенцијата нагласува дека Турција е една од економиите кои се најсилно зависни од надворешно финансирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП