29 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Bank затвора 200 филијали во Германија

Deutsche Bank затвора 200 филијали во Германија

deutsche_bank121

Deutsche Bank планира да затвори речиси 200 филијали во Германија, заради воведување на мерки за намалување на трошоците и пренасочување на клиентите на интернет банкарство.

Според информацијата објавена на официјалната интернет страница на германската банка, повеќе од четвртина од филијалите, односно 188 од 723, ќе бидат затворени или споени на поголеми локации, при што најтешко ќе биде погодена германската сојузна држава Северна Рајна, Вестфалија.

Ваквиот потег е дел од плановите насочени кон намалување на трошоците во работењето на Deutsche Bank, чии акции бележат остар пад од почетокот на оваа година и чија пазарна вредност е намалена на околу 18 милијарди долари.

Првиот човек на одделот за работење со приватни и комерцијални клиенти на Deutsche Bank, Кристијан Севинг, рече дека затворањето на филијалите е поврзано со зголемениот фокус на клиентите кон интернет банкарството и дека банката ќе инвестира 750 милиони евра во дигитална понуда до 2020 година.

Во јуни германската банка објави дека има намера да укине околу 3.000 работни места во Германија, од кои 2.500 би се однесувало на одделите за работење со приватни и комерцијални клиенти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП