27 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗПродажбата на нови возила во ЕУ во првите шест месеци

Продажбата на нови возила во ЕУ во првите шест месеци

nova kola 3599

На крајот на минатата недела Ве информираме дека во периодот од 1-ви јануари до 30-ти јуни во ЕУ се продадени нови 7.8 милиони автомобили, што е со 9,4 отсто повеќе во однос на истиот период од 2015-та година.

Само во јуни реализираните продажби на нови автомобили изнесуваат 1.4 милиони примероци, или со 6,9 отсто повеќе во однос на една година порано. Податоците покажуваат дека продажбата на нови автомобили бележи раст веќе 34-ти последователен месец, а продажбата во јуни речиси достигнуваат нивото од пред точно 9 година (јуни 2007-ма година), или малку пред автомобилската индустрија да oствари сериозен пад како последица на економската криза.

Вкупно во четири држави од ЕУ, продажбата на нови автомобили во првите шест месеци на 2016-та година надминува 1 милион примероци. Тоа се Германија со 1.73 милиони, Велика Британија со 1.42 милиони возила, како и Франција и Италија, каде се продадени нови 1.1 и 1.04 милиони. автомобили.

Растот во Италија сепак е најимпресивен – 19,1 отсто, додека зголемувањето на продажбата во Франција и Германија е од 8.3 и 7.1 проценти. Двоцифрен раст има и во Шпанија – 12,2 отсто, додека од помалите пазари впечаток прават Кипар и Латвија со 40.3 и 28.9 отсто повеќе продадени автомобили во однос на првите шест месеци од 2015-та година.

Кои сепак се најдобро продаваните марки автомобили во ЕУ?

Одговор на ова прашање ни даваат податоците од Здружението на автомобилски производители. Број 1 продолжува да е „Volkswagen“. Пазарниот удел на компанијата бележи пад до 11,2 отсто во однос на 12,1 отсто до 30-ти јуни 2015-та година, но и покрај тоа е единствената компанија со над 10% удел од вкупната продажба.

„Renault“ и „Opel“ ги заземаат другите челни места со односно 7.5 и 6.8 отсто, а по нив со удел од 6% е „Peugeot“. Четири други марки имаат над 5% удел на пазарот – „Audi“, „Fiat“, „BMW“ и „Mercedes“, додека првите 10 се дополнуваат со „Toyota“ и „Nissan“. Пазарниот удел на десетте најпродавани марки автомобили до 30-ти јуни е 60.2 отсто, наспроти 60.4% за една година порано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП