21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBayer не се откажува, за Monsanto нуди 3 долари повеќе

Bayer не се откажува, за Monsanto нуди 3 долари повеќе

19030511275774fb3a0a700127333707_w640

Bayer веќе неколку недели води приватни разговори со Monsanto. Сега конечно ја зголеми и понудата за акционерите на Monsanto.

Новата понуда сега изнесува 125 долари по акција, во однос на минатата од 122 долари.

Bayer е подготвен и да изврши одредени обврски кон регулаторите, ако тоа биде потребнo, а се со цел што поскоро да го преземе Monsanto. Компанијата понуди и 1,5 милијарди американски долари како надокнада во случај на неуспех на договорот поради ограничување нa заштитата од конкуренција.

„Сигурни сме дека оваа трансакција е најдобрата прилика која на акционерите на Monsanto ќе им обезбеди многу активна, непосредна и сигурна вредност“, изјави Вернер Бауман, извршниот директор на Bayer.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП