20 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВо Англија ја прогласија Skoda за најсигурна марка

Во Англија ја прогласија Skoda за најсигурна марка

uk skoda 33

Консултантската компанија „J.D. Power and Associates“ спроведе истражување меѓу сопствениците на автомобили во Велика Британија, кое покажува дека најсигурен бренд е „Skoda“. Во анкетата учествувале 13.000 британски возачи, кои купиле ново возило во периодот 2013-2015 година.

Во рамките на истражувањето тие требало да соопштат за главните проблеми со кои се среќаваат во последните 12 месеци во работата на своите автомобили. Во листата се вклучени 177 технички проблеми, поделени во вкупно 8 категории – мотор и трансмисија, дизајн, комфор, систем за управување, мултимедија и навигација, седишта, системи за греење и вентилација, како и ентериер.

uk skoda 34

На крајот секој бренд има добиено индекс, кој се пресметува со бројот на оштетувања на 100 автомобили. Кај „Skoda“ тој е најнизок – 66, додека просечната оценка за сите производители е 113. Така Чесите втора година по ред се лидер во рангирањето за сигурност, а два од моделите на марката – „Fabia“ и „Yeti“, ги заработи првите места во своите сегменти.

Од „J.D. Power and Associates“ не објавија кој производител е пласиран на второ место, туку се наведува само неговиот резултат – 79 дефекти на 100 автомобили. Интересно е дека луксузните марки се наоѓаат на дното на листата, а кај нив просечниот резултат е 161 проблеми на 100 автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП