21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИСАД: Одбиен планот на Фолксваген за поправка на 16 илјади возила

САД: Одбиен планот на Фолксваген за поправка на 16 илјади возила

sad vw 33

Регулаторот во американската сојузна држава Калифорнија го отфрли планот на Фолксваген за поправка на 16 илјади возила кои се опремени со спорниот софтвер за манипулација со вредностите на издувните гасови.

Мерките што ги предложи Фолксваген  за повлекување на 3,0 литарските дизел возила се нецелосни, суштински недоволни и не ги исполнуваат законските услови, се наведува во писмото на калифорниското биро за квалитет на воздухот доставено до Фолксваген.

Во писмото се додава дека властите ќе ги продолжат тековните технички преговори со Фолксваген за да се обезбеди законско и технички прифатливо решение.

Спорот што се води заради 16 илјади возила од марките фолксваген, ауди и порше продадени во Калифорнија, е одвоен од спогодбата што Фолксваген минатиот месец ја постигна со федералниот суд во Сан Франциско во рамки на која е договорена рекордна казна од 14,7 милијарди американски долари, како и ветување дека Фолксваген ќе поправи околу 480 илјади дволитарски возила.

Фолксваген од септември минатата година се наоѓа во најголема криза кога во јавноста беше откриено дека 11 милиони возила ширум светот се со вграден софтвер кој манипулира со вредноста на издувните гасови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП