28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајдобрите авиокомпании во светот за 2016 година

Најдобрите авиокомпании во светот за 2016 година

avi naj 00

„Emirates“ беше прогласена за најдобра авиокомпанија во светот за 2016-та година, по анкетата спроведена меѓу милиони патници и организирана од „Skytrax“.

Авиогигантот со седиште во Дубаи, освои најголемото признание за време на церемонијата одржана вчера во Велика Британија, како дел од годишната изложба „Farnborough International Airshow“.

„Истражувањето го покажува квалитетот на услугата на најголемите компании во светот“, изјави Едвард Плејстед, извршен директор на „Skytrax“.

Компаниите од Блискиот Исток продолжуваат да доминираат во рангирањето. „Virgin America“ продолжува да е фаворит на клиентите во Северна Америка, а омилена компанија во Европа е „Turkish Airlines“.

Награди беа доделени во вкупно 73 категории – од добра економска класа до најзгодни седишта и чистота во авионот.

Еве ги и првите десет:

10. Lufthansa

Германскиот авиопревозник се качува за 2 места во однос на пред година, за да влезе во првите 10.

9. Qantas Airways

Иако отсуствува од водечките места во одделните рангирања, австралиската компанија го зазема деветтото место во вкупниот пласман.

8. EVA Air

Тајванската компанија минатата година дебитираше во топ 10, а сега се искачува до осмото место.

avi naj 01

7. Turkish Airlines

Иако со благо намалување од пред една година, кога беше рангирана на четвртата позиција, „Turkish Airlines“ беше прогласена за најдобра авиокомпанија во Европа.

6. Etihad Airways

Една од трите големи во топ 10 од Блискиот Исток. Авиокомпанијата со седиште во Абу Даби ја зазема шестата позиција.

avi naj 02

5. ANA All Nippon Airways

Јапонската „Ana“ доби признание за најдобри услуги во авионот, како и за најквалитетните вработени.

4. Cathay Pacific

Компанијата со седиште во Хонгконг отпаѓа од првите три во споредба со 2015-та година и денес веќе е на четвртото место.

3. Singapore Airlines

Компанијата освои награда како за најдобра авиокомпанија во Азија, така и за погодност на бизнис седиштата.

avi naj 03

2. Qatar Airways

Откако освои наградата за најдобра авиокомпанија во светот за 2015-та година, „Qatar Airways“ сега се рангираше на второ место во 2016-та година. Оваа година таа беше прогласена за компанија со најдобра бизнис класа во светот, како и со најдобар бизнис салон. „Qatar Airways“ го пушта најдолгиот лет во светот. Тој ќе биде со времетраење од 18 часа и 30 минути.

1. Emirates

Компанијата го заработува највисокото одличје, откако пред една година беше на петтото место. Ова исто така и е четвртото издание на рангирањето, кое го заработи авиокомпанија со седиште во Дубаи.

Emirates 777-300ER Air to Air

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП