3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИUniCredit преку распродажба собра милијарда евра

UniCredit преку распродажба собра милијарда евра

Unicredit bank logo is seen on a banner downtown Milan, Italy, May 23, 2016. REUTERS/Stefano Rellandini

Италијанската „UniCredit“ банка собра повеќе од милијарда евра преку продажбата на средства откако нејзиното ново раководство најави темелно испитување на работењето.

Најголемата италијанска банска според средствата добила речиси 750 милиони евра со продажбата на 10 проценти од уделот во полската банка „Pekao“ и уште 328 милиони евра со продажбата на акции во својата интернет банка „Fineco“.

Акциите на „UniCredit“, кои оваа година паднаа за две третини, паднаа за дополнителни 1,8 проценти по првичниот скок од 4,5 проценти.

Оваа банка се обидува да ја подобри својата финансиска положба поради загриженоста за состојбата на италијанските банки по референдумската одлука на Велика Британија за излезе од Европската унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП