1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСтартува продажбата на Audi R8 V10 Spyder (фото+видео)

Стартува продажбата на Audi R8 V10 Spyder (фото+видео)

cab a8 00

Продажбата на „Audi R8 V10 Spyder“ стартува денес, 14-ти јули 2016 година, објавија од германската автомобилска компанија. Ценовникот на моделот за домашниот пазар започнува од 179.000 евра.

cab a8 01

Кабриото беше прикажано за прв пат пред неколку месеци, а првите испораки на клиентите ќе бидат уште ова лето. Моделот има мек покрив што е овозможено за постигнување на максимално ниска вкупна тежина – 1612 килограми, или со околу 150 килограми повеќе од „R8 V10“ со тврд покрив.

cab a8 02

Новиот „Audi R8 V10 Spyder“ користи 5,2-литарски атмосферски „V10“ мотор кој развива 540 КС и 540 Нм. Комбиниран е со систем „quattro“ и 7-брзински автоматски менувач со две спојки кои се доволни за спринт од 0 до 100 км/ч за 3,6 секунди.

cab a8 04

Тоа е за 0,5 секунди побавно од забрзувањето на „911 Turbo Cabriolet“ со пакет „Sport Chrono“, но пак моделот на „Porsche“ има повисока почетна цена малку над 187.000 евра во Германија.

cab a8 05

Максималната брзина на „Audi R8 V10 Spyder“ е 318 км/час, а потрошувачката во комбиниран режим е 11,7 л/100 км, покажува официјалната информација од компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП