17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Шенжен во Кина е градот со најсилен раст на...

График на денот: Шенжен во Кина е градот со најсилен раст на цените на живеалишта во светот

gradovite 0003

Шенжен – еден од најголемите градови во Кина, е светски лидер по раст на цените на живеалиштата за првото тримесечје на годината во однос на истиот период од минатата година. Ова го покажуваат податоците на консултантската компанија „Knight Frank“ која подготвила глобален рејтинг на 150 града.

Во неа присуствува Скопје на 87-мо место со раст од 3,1%, Анкара на 27-мо место со годишен раст на цените во периодот од речиси 10%, како и Атина на 139-то место со пад од 4,2%.

gradovite 0001

За една година цените на живеалишта во Шенжен се зголемиле за 62,5%. Втората позиција е за Шангај со раст од 30,5%, а третата е за Истанбул, кој е и европски лидер по раст на пазарот на недвижности, со 19,6%.

Во топ 5 има место за уште два кинески градови Нанџин и Пекинг. Во топ 10 влегуваат Стокхолм во Шведска, Ванкувер (Канада), Оукланд (Нов Зеланд), Измир (Турција) и Лакнау (Индија).

Градот со најсилен годишен пад на цените на живеалишта во првиот квартал е Абердин во Велика Британија – 11,3%, следен од Тајпеј – 8,2%, и Москва – 8,1%. Топ 10 се дополнува од Солун, Севиља, Џајпур, Џенова, Хонгконг, Даруин и Халифакс.

Како клучен регион на раст на станбените пазари во Европа се јавува Скандинавија, посочуваат експертите. За Северна Америка водечки мотор е Ванкувер.

gradovite 0002

Меѓу европски пазари со раст на цените од 7% до 10% во првиот квартал се рангираат Хаг, Малме, Утрехт, Бирмингем, Барселона, Порто, Копенхаген, Бристол, Гетеборг, Осло, Лондон и Будимпешта. Умерен раст од редот на 2-5% е забележан во Малага, Нотингем, Мадрид, Даблин, Цирих, Берн, Братислава и други.

Меѓу европските пазари со опаѓање цените во моментов се рангираат повеќето водечки италијански градови – Рим, Торино, Венеција, Милано, Фиренца, како и Единбург, Никозија, Загреб и други.

Глобалниот индекс на цените на живеалиштата, пресметан од компанијата, го забрзува растот до 4,5% во првиот квартал на годината во однос на првите три месеци од минатата година. Во речиси три четвртини од набљудуваните пазари е забележан раст на цените, а разликата помеѓу најсилните и најслабите пазари се проширува до 74 процентни поени од 55 во последниот квартал на 2015-та година, се наведува во извештајот на компанијата.

Разликата сепак е јасна со феноменалниот пораст на цените, забележан во Шенжен – најзначајниот технолошки центар во Кина, кој се наоѓа на само 20 километри од Хонгконг.

gradovite 0000

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП