22 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИWIZZ AIR склучи договор со Pratt&Whitney за набавка на турбофан мотори

WIZZ AIR склучи договор со Pratt&Whitney за набавка на турбофан мотори

motori avioni 33

Wizz Air Holding Plc, најголемата компанија за ниско-буџетни летови во Централна и Источна Европа, објави дека по извршената селекција од  доставените понуди, ја избра понудата на Pratt&Whitney за опремување на своите 110 ербаси А321 нео авиони со турбофан насочени мотори.

Испораката на А321 нео ќе започне 2019 година. Склучениот договор, исто така, вклучува дополнителни 90 А321 нео авиони над кои Wizz Air има неопределени права на купување, како и поголем број на резервни мотори.

Договорот е во вредност  од над 2,5 милијарди долари по тековни дадени цени и е вклучен во цената на купување која им се исплаќа на Airbas S.A.S. за А321 авионите, според  договорот потпишан од Wizz Air во 2015 година. Дел од договорот е Wizz Air да влезе во долгорочна програма за управување со флотата заедно со Pratt&Whitney, со тоа обезбедувајќи континуирано високо-квалитетно одржување на новите мотори .

„По детален процес на разгледување на понудите, заклучивме дека турбофан насочените мотори имаат најдобра понудена вредност, како и максимална ефикасност при потрошувачката на гориво и оперативноста. Оваа метрика директно ќе се одрази на намалувањето на оперативните трошоци на нашиот бизнис.  Ние веќе имаме доста ниски базични трошоци, па затоа се фокусиравме да бидеме уште поуспешни во понудата на најниско-буџетни летови за нашите потрошувачи, а исто така и да им обезбедиме поголема добивка на нашите акционери”, изјави Јожеф Варади, извршен директор на Wizz Air.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП