16 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНови инциденти на електричните автомобили на Tesla Motors со автопилот

Нови инциденти на електричните автомобили на Tesla Motors со автопилот

теслос

Два нови инцидента на електричните автомобили на американската компанија „Tesla Motors“, автоматски управувани, се случиле во САД на 1-ви јули во сојузната држава Пенсилванија и на 9-ти јули во Монтана, наведува телевизиската мрежа CNN.

Во првиот случај кросоверот „Model X“, кој возел со брзина од 96,6 километри на час од државата Вашингтон во Националниот парк Јелоустон во Калифорнија, по ветровито време се занел во десно. Автомобилот срушил неколку столпчиња крај патот, го загубил едното од предните тркала и се забил во столб, пренесе телевизијата повикувајќи се на сообраќајната патрола на државата Монтана. Според портпаролот на службата Џејд Шоп, возачот и сопатникот не настрадале.

Од седиштето на компанијата „Tesla Motors“ во Пало Алто, во Калифорнија, го потврдиле инцидентот, но појасниле дека причина била тоа што возачот и покрај автоматските сигнали, не го преземал управувањето на себе.

„По вклучувањето на режимот на автопилотот две минути не претставуваат никаков притисок. Условите на патот станувале се понесигурни, па возилото уште еднаш го предупредило возачот за неопходноста да ги стави рацете на воланот. Тој (возачот) не го почитувал предупредувањето, па возилото набрзо се удрило во столб“, прецизирале од компанијата велејќи дека возачот ги игнорирал инструкциите за управување со „Model X“.

Во вториот случај 77-годишниот Алберт Скалионе кој возел сличен модел на „Tesla Motors“ се превртел на автопат кај Питсбург, во државата Пенсилванија. Скалионе тврди дека автопилотот бил вклучен, но не се дадени други подробности за хаваријата. Тој со сопатникот по укажаната медицинска помош биле отпуштени од болница истиот ден.

Во последниот период американските власти водат детална истрага за првата несреќа со електричните автомобили на „Tesla Motors“ кои се движат во автоматски режим, во која загина едно лице. На 7-ми мај возило „Мodel S“ се заби во трејлер, кој свртувал налево на нерегулирана крстосница, при што возачот на автомобилот починал од здобиените повреди. Американските регулатори истражуваат дали системот за автоматско управување на возилото функционирал исправно.

Во моментов компанијата „Tesla Motors“ дистрибуира два модела од категоријата поскапи возила, седанот „Model S“ и кросоверот „Model X“. Компанијата планирал да започне со сериско производство на „Model 3“ во 2017 година. За секоја нарачка на автомобилот чијашто цена е од 35.000 долари нагор, во моментов е потребен аванс од илјада долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП