28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНа 2-ри август ќе биде претставен новиот Samsung Note 7

На 2-ри август ќе биде претставен новиот Samsung Note 7

sanote 7

„Samsung“ планира да го претстави својот нов паметен телефон од серијата „Note“ на втори август годинава. Корејската компанија планира да го брендира новиот модел како „Note 7“ наместо како „Note 6“, како генерално се паѓа по хронологија.

Причината е дека „Samsung“ сака да прескокне еден број и да го израмни „Note“ со другата топ серија – „Galaxy“. Компанијата смета дека разликата во генерациите може да ги збуни корисниците и да ги тера да мислат дека „Note“ отстапува на „Galaxy“. Со изедначувањето на броевите ќе се реши овој проблем и ќе се создаде поунифициран спектар, сметаат од „Samsung“.

sanote 71

Засега компанијата успешно успева да ги задржи повеќето детали за „Note 7“ во тајност. Според гласините, новиот телефон ќе има 5.7-инчен „Super AMOLED“ дисплеј со 4К резолуција. Се очекува тој да располага со 12 МР камера на задниот капак и 64GB внатрешна меморија.

Најверојатно и оваа година „Samsung“ ќе претстави и втора верзија на телефонот, која ќе е со „Edge“ дисплеј, односно заоблен по рабовите на куќиштето. Други гласини пак тврдат дека нема да има две верзии на „Note 7“, а само една и таа ќе е со „Edge“ екран. Меѓу другите новини се сензор за скенирање на ирисот како дополнителна мерка на безбедност. Тие сепак се исто така во областа на гласините, барем засега.

sanote 72

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП