15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: Последиците од Brexit врз економијата во САД ќе се занемарливи

ММФ: Последиците од Brexit врз економијата во САД ќе се занемарливи

us economy 33

Референдумот во Велика Британија, на кои мнозинството одлучи земјата да ја напушти Европската унија (ЕУ), предизвика несигурност и ги зголеми ризиците за САД, но засега изгледа дека влијанието врз растот на економијата е „незначително“. Ова го изјави Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во вторникот, пренесува „Ројтерс“.

Во својот годишен преглед на американската економија и политика, ММФ наведува дека гласањето за „Brexit“ доведе до раст на доларот, а зголемувањето беше помалку отколку што беа стравувањата (околу 1% во номинални изрази). Берзите пак ги обновија загубите кои беа предвидени непосредно по референдумот. Интересот за државните обврзници во својство на средства за „засолништа“, пак ја намалија профитабилноста.

„Нето ефектот врз растот е прилично занемарлив“, вели Најџел Чок, директорот на ММФ за САД.

Истовремено, претседателот на Федералните резерви на САД за Сент Луис, Џејмс Булард изјави дека резултатот од референдумот нема да има долготраен ефект врз американската економија. Според него, падот во приносот на државните обврзници не претставуваат предупредување за изгледите пред растот.

„Откако пазарите имаа шанса да се осврнат на тоа што се случило, сметам дека на крајот последиците над економијата на САД ќе се блиски до нула“, рече Булард, цитиран од „Bloomberg“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП