19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција по извинувањето очекува милион руски туристи до крајот на годината

Турција по извинувањето очекува милион руски туристи до крајот на годината

journeywonders.comwp-contentuploads201402Tourists-at-Pamukkale

Турција очекува околу милион руски туристи да ја посетат земјата до крајот на годината, изјави турскиот министер за култура и туризам Наби Авци.

„Се надеваме дека околу милион туристи од Русија ќе дојдат во Турција оваа година. За следната година очекуваме дека тој број ќе биде сличен на поранешните податоци“, рече Авци.

Тој додаде дека кризата негативно влијаела врз 56 области кои се поврзани со туризмот.

Односите меѓу двете земји беа нарушени минатата есен кога турски борбен авион собори руски над Сирија.

Како одговор на тој чин, Русија ги суспендираше чартер летовите и продажбата на аранжмани за Турција.

Минатата година повеќе од 3,5 милиони руски туристи ја посетија Турција, но по инцидентот и соборувањето на рускиот авион, бројот на туристи што ја посетија Анталија во периодот од јануари до мај оваа година падна 26 пати во однос на претходната година.

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, во јуни рече дека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган се извинил за инцидентот во писмо упатено до рускиот претседател Владимир Путин и на тој начин го исполнил условот на Москва за обнова на долгорочното партнерство меѓу двете земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП